Фото: МИА/Архива / Илустрација

Пропадна и вториот обид да се избере претседател на Судскиот совет, откако Весна Дамева беше разрешена од функцијата. Седницата закажана за 11 часот не се одржа. Официјалната причина за одлагањето не е позната, пренесува „Макфакс“.

– Седницата е одложена, без да бидат наведени причините, битно е само да бидете информирани дека нема да има седница – велат од обезбедувањето пред вратите на Судски совет, кога претставници на невладината организација „Коалиција за правично судење“ се обидоа да влезат.

За разлика од првиот пат, сега немаше ни обид за почнување на седницата, ниту гласање за таа да се презакаже за нов датум.

Разрешувањето на Дамева наиде на низа критики.