Фото: Маја Јаневска-Илиева

Во СВР Велес било пријавено дека кај местото познато како „Мало мовче“ во водите на река Вардар во Велес вчера во утринските часови рибар вадел граната, соопшти Министерството за внатрешни работи.

– На 14.08.2022 година во 08.25 часот во СВР Велес било пријавено дека рибар кај место викано „Мало мовче“ од водите на реката Вардар во Велес вади граната. Во содејство со Дирекцијата за заштита и спасување гранатата е обезбедена и извлечена од водите на реката Вардар. Увид извршила увидна екипа од СВР Велес – информираат од МВР.