На 07.08.2022 во периодот од 00.10 до 03.00 часот, во рамки на проектот „Безбедно лето 2022“, полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, СВР Скопје и Одделот за специјални полициски операции во координација со Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат и Трудовиот инспекторат спроведоа акциска контрола во повеќе угостителски објекти во Прилеп и прилепско.
При контролата, велат од МВР, биле констатирани повеќе прекршоци, а приведени биле 19 лица, од кои седум малолетници. Во објектите биле затекнати седум малолетници после 24 часот, а двајца малолетници биле затекнати при конзумирање алкохол.
Исто така, 10 лица не поседувале документ за идентификација, кај едно лице бил пронајден нож, затекнат е еден странски државјанин со нерегулиран престој, а едно лице го нарушило јавниот ред и мир.
Против сите лица и правни субјекти ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Воедно, од претставниците на Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат и Трудовиот инспекторат биле констатирани прекршоци во сите контролирани објекти за што ќе бидат изречени соодветни санкции.
Ka.M.