Фото: Маја Јаневска-Илиева

Ова издание претставува епилог на целокупната досегашна уметничка кариера на Манасијески, во која се документирани настаните од домашната и меѓународната уметничка сцена: промоции, изложби, учества на Интернационални уметнички салони за модерна уметност и добиени награди. Дополнителен акцент е даден и на изработката на стриповите, кои опфаќаат еден голем дел од неговата уметничка кариера, а претставени се и мал дел од неговите преку 2000 идејни дизанерски решенија. Подготовката на монографијата траела повеќе од 6 години, техничката подготовка и графичкиот дизајн го изработиле Боби Ќосев, а уредник на монографијата е Љупчо Жупан

Денеска во изложбениот салон на Македонска академија на науките и уметностите (МАНУ) пред бројна публика и странски гости, вклучително и на дел од дипломатскиот кор во Македонија, се одржа промоција на монографијата „Јордан Манасијески” од авторот проф. д-р Владимир Величковски. Поздравна реч одржаа претседателот на МАНУ академик Љупчо Коцарев, промоторот проф. д-р Ивица Џепаровски, Љупчо Жупан од галерија „Букефал, која беше организатор на настанот, и проф. д-р Владимир Величковски, автор на монографијата

Станува збор за обемно дело од 480 страници со тврд повез, со преку 300 репродукции во боја и двојазичниот текст на македонски и англиски јазик. Монографијата е од енциклопедиско значење. Таа содржи критички осврти од повеќе историчари на уметност и тоа: Салваторе Русо – Италија, Рути Такер – САД, Санда Станачев Бајзек – Хрватска, Драган Јовановиќ Данилов – Србија, Бисера Валева – Бугарија и од македонските критичари и вљубеници во уметноста Никола Николовски, Зекман Ракиповски,писателите Киро Донев, Трајан Мартиновски и новинарот Милчо Јованоски.

Фото: Маја Јаневска-Илиева

Ова издание претставува епилог на целокупната досегашна уметничка кариера на Манасијески, во која се документирани настаните од домашната и меѓународната уметничка сцена: промоции, изложби, учества на Интернационални уметнички салони за модерна уметност и добиени награди. Дополнителен акцент е даден и на изработката на стриповите, кои опфаќаат еден голем дел од неговата уметничка кариера, а претставени се и мал дел од неговите преку 2.000 идејни дизанерски решенија. Подготовката на монографијата траеше повеќе од 6 години, техничката подготовка и графичкиот дизајн го изработи Боби Ќосев, а уредник на монографијата е неговиот долгогодишен промотор во светот Љупчо Жупан.

Фото: Маја Јаневска-Илиева

Јордан Манасијески – уметник чии визии ги поставуваат фундаментите на новата современа уметност

Во 2009 година Манасијески ја доби специјалната награда за цртеж на Светската галерија за цртеж „Остен“. Во 2010 година на покана на Салонот „Големите ѕвезди на утрешнината“ кој се одржа во музејот „Лувр” во Париз ја изложи сликата „Молитва за радоста” за што доби специјална награда од Јапонската асоцијација за современа уметност. Една од неговите најпознати слики е „Визија за радоста” со која го освои жирито на Осмото интернационално Биенале во Фиренца во 2011. Истата година изложуваше на АРТЕЏ во Њујорк со сликата „Пријатели на светлината”, како и на Добротворната изложба за децата кои ги загубија родителите во цунамито во Јапонија.

-Во експресионистичкото сликарство на овој голем уметник може да се согледа ослободување од робувањето на реалноста со изграден ликовен ракопис при што е очигледна неговата сликарска широчина без оглед на мотивите и амбиентите на сликите, благодарение на неговата интимна односно внатрешна еволуција. Ретко кој сликар може да се пофали со ваква креативна еволуција во творечкиот чин. Една ваква изложба е вистински херојски чин бидејќи тој апсолутно успеал да се надмине себеси – вели проф. д-р Владимир Величковски за уметничката кариера на Манасијески.

Фото: Маја Јаневска-Илиева
Фото: Маја Јаневска-Илиева