Во Големата сала на Социјалистичката партија на Македонија, утре во 11 часот ќе се одржи промоција на книгата „Македонија е сè што немаме“ на проф. д-р Билјана Ванковска.
Книгата е збирка од колумните објавени во „Нова Македонија“ во последната деценија.
Промотори на делото ќе бидат проф. Гордана Силјановска-Давкова, проф. Виолета Ачковска и амб. Ристо Никовски.
На промоцијата ќе се обрати и авторката, која потоа ќе подарува примероци од книгата.
Книгата е во издание на „Св. Ѓорѓи Полошки“, издавачка дејност при Повардарската епархија.
Митрополитот г. Агатангел во предговорот вели дека изданието е поддржано како сведоштво за идните генерации за периодот од изминатите 10 години, во кој е забележан еден од најголемите падови на македонското национално ткиво.