Фото/Илустрација: Пиксабеј

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално се очекуваат и невремиња проследени со силен ветер и услови за појава на град.

Температурата ќе опадне за неколку степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, кој повремено ќе засилува. Минималните температури ќе се движат од 10 до 21 степен, додека максималните ќе достигнат од 30 до 37 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој повремено ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 21 степен, а максималната ќе достигне 36 степени.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и утре наместа се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално повторно се можни невремиња со силен ветер и град.

Во текот на викендот времето ќе биде претежно стабилно, со постепен пораст на дневните температури.