Фото: Даниела Трајковска-Здравеска

Малолетникот е пренесен во болницата „Свети Наум Охридски“ за укажување на здравствена помош, соопштуваат од МВР

Уште еден случај на прегазен пешак на скопските улици.

Случајни минувачи испратија слики до нашата редакција за сообраќајна несреќа на булеварот „Христијан Тодоровски-Карпош“ во скопската населба Чаир, каде товарно возило удрило во малолетник.

Малолетникот е пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Фото: Даниела Трајковска-Здравеска

Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот.
Оттаму дека околу 13 и 30 часот било пријавено дека товарно возило на булеварот „Христијан Тодоровски-Карпош“ во скопски Чаир удрило во малолетник.

– Малолетникот е пренесен во болницата „Свети Наум Охридски“ за укажување на здравствена помош-соопштуваат од МВР.