Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување денеска донесе одлука за дополнување на Позитивната листа на лекови со вкупно девет лека по генеричко име, односно по форма и јачина позитивната листа се проширува за вкупно 20 лека.
Како што се појаснува во соопштението, ова подразбира проширување на позитивната листа на лекови со 59 бренд заштитни имиња и тоа за: крвни болести – антикоагуланси (Prasugrel, Ticagrelor), болести на срце и крвни садови – против висок притисок и високи масти (Nebivolol, Perindopril, Valsartan, Fenofibrate) , за централен нервен систем – антидепресиви и за третирање деменција (Escitalopram, Memantine, Duloxetine).
– Проценетото влијание врз буџетот на Фондот на годишно ниво е околу еден милион евра – посочуваат од ФЗОМ.
Ова е прво дополнување на листата по 2014-та година.
-Фондот е посветен на пристап кон подобри лекови и ги охрабрува сите чинители кон натамошни дополнувања – се наведува во соопштението.