Премиерот Христијан Мицкоски вели дека посетата на САД била историска и во интерес на граѓаните, а во однос на обвинувањата на опозицијата вели дека прават дефокус од суштината.
-Тоа е политиката што ја избрала опозицијата и луѓе блиски до опозицијата. Бев изолираниот Мицко, па изолираната ВМРО-ДПМНЕ… што не се изнаслушав во оваа улога како претседател на ВМРО-ДПМНЕ седум години како претседател на Владата седум осум месеци од истите луѓе, истиот центар за комуникации…Она што е важно е дека посетата е направена само во интерес на граѓаните и на државата. И од оваа посета може да имаат интерес само граѓаните и Македонија, никој друг – нагласи Мицкоски.
Според него, тоа е само обид на опозицијата да направат дефокус на периферна тема.
-Јас ги разбирам, тоа е обид да се направи дефокус на периферна тема. Ниту сум спиел во овој или во оној хотел, ниту сум правел ова или она што го слушате во јавност. Ништо од тоа не е точно. Во Вашингтон спиев во хотел што е три плус ѕвезди…А хотелот што го прикажуваа е хотел во којшто човекот којшто е влезен на листата на Форбс со 1,2 милијарди долари во богаство, Крис Павловски, организираше средба на која разговаравме за можностите како подобро да направиме и на најевтин начибн и на најдобрар начин да се дигитализира Македонија. Тие прават обиди за дефокус од суштината, ние сме фокусирани на суштината. Сите тие средби ќе донесат додадена вредност на граѓаните и за Македонија, Историска посета на највисоко ниво којашто некогаш некој ја направил а јас мислам дека нивото ќе биде многу скоро од денеска на врвното ниво на една таква средба таму, но еве да почекаме ќе зборуваме за тоа за неколку месеци од денеска – истакна Мицкоски по увидот на реконструкцијата на патот Катланово – Градманци.
Премиерот повтори дека е многу задоволен од посетата на Вашингтон и Њујорк.
-Посетата беше исклучително корисна, плодна и очекувам во периодот којшто следи резултатите да бидат видливи, интензивни и големи. Ние домашната задача и домашната борба ќе ја водиме, еве за вакви проекти, за добра инфраструктура, за нови градинки, за нови училишта, за поконкурентна економија, за поквалитетно здравство, за подобро образование и така натаму. Тоа се работи коишто дома ние ќе ги решаваме и таа битка ќе ја водиме и ќе ја добиеме. Но, исто така мораме да победуваме и во Вашингтон, и во Њујорк, и во Брисел, и во Рим, и во Париз, и во Лондон, и во Берлин, насекаде и во други метрополи во светот. И да бидеме што е можно погласни и што повеќе аргументи да презентираме кај нашите соговорници, за македонското прашање, за сите оние предизвици коишто се пред нас, но и оние коишто беа позади нас. И мислам дека сме на добар пат. Инстант резултати, нема, но важно е дека тоа што го правиме, го правиме исклучиво за интересот на граѓаните и татковината којашто единствено ја имаме – рече Мицкоски.
Мицкоски оцени дека по посетата на САД, е сигурен дека Македонија како држава влегла во оптиката на луѓето кои имаат најгласен звук во периметарот на преѕседателот Трамп.
– Убеден дека после оваа средба Македонија е дел од оптиката на новата администрација на претседателот Трамп и на политички и на геопстратешки но и на економски план – рече Мицкоски.