Фото: принтскрин

Подруми, гаражи и куќи се поплавени како резултат на обилните врнежи што го зафатија вечерва Тетово, а излеана е и канализација од неколку шахти. Голем дел од улиците се поплавени.

Од Територијалната противпожарна единица Тетово во моментот е интервенирано на неколку места, информираат надлежните.

– Патот кон селото Фалише кај подвозникот е полн со вода, а и останатите подвозници се во целосен прекин за движење. Исто така, патот што води од Стадион до Касарна е поплавен и е во целосен прекин за движење. По првите инфорамции поплавени се улицете „Улица 141“ ,ул. „Фуштанска“, ул. „Илинденска“,„Улица 114“, ул. „Мирце Ацев“, „Улица121“… Кризниот штаб е активен. Раководителот на РЦУК Тетово ги известил членовите на Кризниот штаб за поплавите, по што вработени од Јавното комунално претпријатие Тетово и од Општина Тетово се на терен со два багери што ќе интервенираат каналот што поминува низ с.Мала Речица. Полицијата, конкретно припадниците на СВР Тетово се на терен со сите сили за да обезбедат побрзо регулирање и нормализирање на сообраќајот“ – информираат од Центарот за управување со кризи.

Поројска река во правец Тетово-Јажинце е со критично ниво и е во ризик за излевање на надојдената вода.

По информацијата за ризикот од страна на Општина Тетово е пратено багер, со цел, како што е соопштено, да не дојде ситуација да се блокира патот Тетово-Јажинце.