Фото: Игор Бансколиев

Добивањето на датум за пристапни преговори со Европската Унија ќе зависи дали ќе има јасни сигнали оти Македонија разбрала што им е важно на земјите-членки на Унијата, истакна советникот на вицепремиерот за европски прашања, испратен од француската влада Франсоа Лефон, во разговор за МИА.

Тој додава дека отворањето на преговорите треба да води кон членство во ЕУ, а не кон бавен процес што би ги одолжил на 10 до 15 години. Новата методологија која се очекува Европската комисија да ја претстави во јануари, треба да донесе поголема извесност во пристапниот процес.

Лефон посочува дека целта е добивањето на датум со што потоа Македонија би продолжила со реформите, модернизацијата и подготовката на земјата за подобра иднина.