Во меѓународното право важи правилото: името на државата е идентитетот на народот, односно нацијата, од името на државата по автоматизам произлегува името на нацијата, односно националноста!
Затоа, со промената на името на државата од Македонија во „Северна Македонија“, за цел свет сме „северномакедонци“ и ништо друго, освен „северномакедонци“. Името Македонија во Обединетите нации и светот стана резервирано само за Атина. И такви „северномакедонци“ ќе останеме за навек, сѐ додека веднаш и безусловно не го раскинеме еднострано договорот Димитров – Коѕијас од 17 јуни 2018 година за промена на името на државата Македонија и идентитетот на македонскиот народ!
Притоа, да расчистиме една дилема, името на државата произлегува од името на народот, сите заедно во државата се нацијата. Се разбира, името на државата не произлегува од името на националните малцинства, тие се дел од нацијата во која е инкорпориран народот за чија држава станува збор! Името на државата произлегува од името на народот! За нас, името на државата Македонија произлегува од името на македонскиот народ! Сите во државата не се Македонци по род, туку Македонци по државјанство. Сите заедно ја чинат македонската нација и затоа постоењето и на националните малцинства, кои може да бидат етнички, верски и други… Нацијата не е антипод на народот. Народот не се асимилира во нацијата, ниту од нацијата произлегува името на народот, туку обратно, народот е основата на нацијата, народот е инкорпориран во нацијата, народот и националните малцинства ја чинат нацијата! Затоа, името на народот и нацијата во државата се идентификуваат. Името на народот е името на нацијата, односно името на државата, затоа што сите се еднакви пред Уставот и законите, независно од етничкото потекло, верското уверување, социјалниот статус, имотната состојба, општествената положба, партиската припадност, полот, расата и бојата на кожата.
Да, долго време создаваше заблуда, намерна и од незнаење, поимањето на народот и нацијата на Западот и Истокот. На Западот дури и не се прави разлика помеѓу народот и нацијата, и едното и другото значат демосот – сите заедно, независно од етничкото потекло, верското уверување, социјалниот статус, имотната состојба, општествената положба, партиската припадност, полот, расата и бојата на кожата. На Истокот и народот е етносот и нацијата е етносот! Во последно време се прави разлика, демек народот е етносот, а нацијата демосот. Иако се очигледни обидите и кај нас да се имплементира западното поимање, во обидот за елиминација на Македонците, голем број политичари, кои американската администрација ги подучува, пред јавноста и пред сите се обраќаат со „НАРОДЕ на МАКЕДОНИЈА“ или само НАРОДЕ без македонски. А забораваат дека тој народ повеќе не е „народ на Македонија“, туку „народ на Северна Македонија“, тој народ не е македонскиот народ, тој народ е „северномакедонски народ“!
Затоа типчиња од калибарот на Зоран Иванов ќе кажат: „Кога Ескобар, Макрон и другите светски дипломати нѐ именуваат со ‘северномакедонци’ не мислат на нас Македонците, туку на македонските државјани!“
Само идиоти може да не разбираат или разбираат ама послатки им се парите за кои се продале за да бидат дежурни пред странците во инсталацијата на новата нација, која досега никогаш и никаде не постоела. На таа нова нација, новата историја ѝ ја пишуваат Атина и Софија, за тоа беа потребни договорите Заев – Борисов и Димитров – Коѕијас: ново име, нова нација, нова историја, ново знаме, уште нова химна фали, за Македонците да бидат едно од многуте малцинства во новата држава „Северна Македонија“!
За вакво најтешко кривично дело велепредавство, геноцид врз македонскиот народ и злосторство против човештвото, кое не застарува, во многу држави се виси на бандера, куршумот в глава завршува или крајот е на електричен стол. Само кај нас велепредавството се смета за демократија, вредност за солидарност и корупција.
За жал, во Македонија владее злосторничко здружение помеѓу власта и судиите во сите степени и сите судови, во Македонија не се штитат правата и слободите, се суспендира уставноправниот поредок и никому влакно од глава не му фали.
Јавните обвинители што ги штителе корумпираната власт и злосторничкото здружение стануваат уставни судии. И тоа Калето и западните антидемократии го гледаат, но со прст не мрдаат затоа што ветиле амнестија и амнезија за корумпираните за злосторничкото здружение со задачата – промена на името на државата Македонија и идентитетот на македонскиот народ!
Затоа, итно и безусловно еднострано раскинување на договорот Заев – Борисов од 1 август 2017 година и на спогодбата Димитров – Коѕијас од 17 јуни 2018 година, итно и безусловно еднострано распуштање на македонско-грчката и македонско-бугарската меѓувладина комисија за ревизија на македонската историја и итно и безусловно продолжување на членството во Обединетите нации со единственото државно име Македонија потврдено на референдумот од 8 септември 1991 година и референдумот од 30 септември 2018 година!