Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари потврди дека партиите од албанската опозиција му предложиле тој да биде нивен кандидат за претседател на претстојните избори, но истакна дека тој не е заинтересиран.
– Албанската опозиција има разговарано со мене јас да бидам претседателски кандидат, но јас не сум заинтересиран – рече Таравари.
Претседателот на Движењето Беса и градоначалник на Општина Тетово, Биљал Касами во синоќешното гостување во емисија на Радио Телевизија Косово нагласи дека е разговарано со претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари тој да биде претседателски кандидат.
– Да, разговарано е со Таравари да биде претседателски кандидат и се гледа како соодветен албански кандидат на овие избори – потенцираше Касами.