Фото: Принтскрин/ фејсбук/ Коалиција ВРЕДИ

Коалицијата ВРЕДИ реагираше по палење на билборд на кандидатот Арбен Таравари, на полноќ, во Скопје.

– Виновниците мора да бидат казнети со закон, затоа што ќе бидат тешко казнети и со гласање. Билбордот веднаш ќе биде заменет, но тие ќе изгубат, стои во реакцијата на претседателскиот штаб на Таравари.

– На полноќ бевме известени дека бил опожарен еден билборд од кандидатот Арбен Таравари на улицата кај Зоолошката градина во Скопје. Би сакале да веруваме дека е несреќа, но билбордот од другата страна воопшто не беше допрен. Се знае која партија има насилници и криминалци во своите редови, се знае која партија ја користи власта за да се збогати и да го плаши народот. Времето на страв заврши. Оние кои палат билборди од гнев дека ги губат изборите, мора да бидат казнети од законот и правдата, но и од меѓународните набљудувачи. Го повикуваме народот да почека уште неколку недели, изборите се ближат, насилниците си заминуваат – стои во реакцинаја.