Алијанса за Албанците денеска соопшти дека нејзиниот в.д. претседател Арбен Таравари напладне ќе има средба со премиерот Димитар Ковачевски.
Како што се наведува во најавата, средбата ќе се одржи во Владата, по што Таравари ќе има изјава за медиумите.
Средбата ја најавија од Алијанса за Албанците од каде информираа дека се очекува да се разговара за влез во владината коалиција.
Дел од медимите во изминатиот период, повикувајќи се на партиски извори, пласираа информации за можен влез на АА во владината коалиција, но тие досега беа негирани.