Во однос на прашањето за Украина, Кина продолжува да го олеснува дијалогот за мир. Ги охрабруваме Русија и Украина да имаат директни преговори. Ние, исто така, ги охрабруваме САД, НАТО и ЕУ да се вклучат во рамноправен дијалог со Русија, да се соочат со судирите и проблемите акумулирани во текот на годините, да го следат принципот на неделива безбедност и да настојуваат да изградат балансиран, ефективен и одржлив европски безбедносeн механизам. Кина предложи иницијатива за хуманитарната ситуација во Украина. Организацијата на Црвениот крст на Кина ќе обезбеди серија хуманитарна помош за украинскиот црвен крст. Првата пратка го напушти Пекинг неодамна и во најкраток рок ќе биде доставена до украинската организација на Црвениот крст на соодветен начин.
Сегашната ситуација во Украина е загрижувачка, а кинеската страна длабоко тажи поради повторното избувнување војна на европскиот континент. Кина останува на ставот дека суверенитетот и територијалниот интегритет на сите земји треба да се почитуваат, целите и принципите на Повелбата на ОН треба да се почитуваат, легитимните безбедносни грижи на сите земји треба да се сфатат сериозно и треба да се поддржат сите напори што придонесуваат за мирно решавање на кризите. Она што е потребно за решавање на сложените прашања е ладна глава и рационален ум, а не додавање масло во огнот, што само ја засилува ситуацијата. Кина цврсто ги отфрла едностраните санкции што немаат основа во меѓународното право. Намерното користење на големиот стап на санкции никогаш не може да гарантира мир и безбедност, туку само ќе донесе до сериозни тешкотии во економијата и егзистенцијата на луѓето во релевантните земји, ќе доведе до ситуација на губиток-загуба и дополнително ќе ескалираат поделеноста и конфронтацијата. Итна задача во моментов е да се спречи напнатата ситуација да ескалира или дури да излезе од контрола.
Неодамна, претседателот Си Џинпинг имаше виртуелен самит со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц. За време на самитот, Кина го елаборира својот став за ситуацијата во Украина, ги пофали напорите за посредување на Франција и на Германија за Украина и изрази подготвеност да остане во комуникација и координација со Франција, Германија и Европа и да игра активна улога заедно со меѓународната заедница, во светлина на потребите на вклучените страни. На вториот ден од конфликтот, претседателот Си Џинпинг разговараше со претседателот Владимир Путин по телефон и ја изрази желбата на Кина да ги види Русија и Украина да одржат мировни преговори што е можно порано. Бевме во блиска комуникација со сите страни и постојано повикувавме на мирно решавање на споровите. Се надеваме дека борбите ќе престанат што е можно поскоро и ќе биде ефективно гарантирана безбедноста на животот и имотот на цивилите.
Кина е подготвена да продолжи да игра конструктивна улога за да го олесни дијалогот за мир и да работи заедно со меѓународната заедница, кога е потребно за да се спроведе неопходното посредување.
Џанг Ѕуо амбасадор на Народна Република Кина во Македонија