Израел

Сите мислат дека идејата за еврејска држава потекнува од Евреите. Не е точно. Идејата е британска, од времето на Оливер Кромвел, кој создавајќи ја ЕИЦ (East India Company) со помош на неколку масонски ложи и можно темплари внел многу Евреи во играта. Мислел дека ако им го даде Ерусалим на Евреите, тоа ќе биде дел од Британската Империја. Австрискиот новинар Теодор Херцл ја напишал книгата „Der Judenstaat“ (еврејска држава) за држава кај планината Цион, каде што се дадени 10-те Божји заповеди. Потсетува на Бејконовата „Нова утопија“. Дури и Маркс со својот пријател Мозес Хес имал таква идеја, мислејќи таму да создаде прв социјализам. Но поради малобројноста, Маркс рекол дека е подобро првата револуција да ја дигне работничката класа. Затоа денес едни „пиц-политичари“ велат дека ционизмот е комунизам, а други – империјализам

Знам што ќе кажете. „Што има за Израел да ни кажува овој залутан? Ние сѐ знаеме за убијците, бомбаши!“ Добро – а од каде научивте? Аааа – од медиуми, од партиски препи…увања, од џихадофилите? Значи, знаете колку јас знам за Колумбија, Сомалија, Кореја, Марс… Ако учите само од медиуми и политичари – во пипер-манџа сте. Станавте диригирана машина, робот, орвелист, интелигентен идиот, либеро-морф, дресирано животно. А зошто јас знам повеќе од вас? Бидејќи Израел е мојата отворена рана, фрактура, изгореница, качување и паѓање, ете затоа. Утврдивме дека знам за темата повеќе и да се вратиме на почетокот.
Патријархот Јаков го сретнал Господа и му рекол „ајде да се бориме“! Почнале да се борат и „божемски“ Јаков го победил Господа. Тогаш Господ му дал ново име „Из-ра-ел“ (тој што се бори со Господа). Поентата е ако Господ те сака, тој сѐ ќе ти даде, бидејќи љубовта негова е посилна дури и од него. Затоа уште сега ви велам – сакајте го Бога, колку и да ви се чини тоа бесмислено – вие сте само љубов Божја. Да парафразирам една молитва – „Господе, ако некогаш те заборавам, очите да ми се исушат, рацете да ми се исушат, да ми се исуши душата“. Да кажам сѐ за Израел е смешно, сумануто. „Пресметав“ дека тогаш би свртел 44 зетабајти, што е 40 пати повеќе од сите ѕвезди. Од каде тоа? – Тоа е количеството информации свртени во 2020 година, а потоа се качуваат експоненцијално. Повеќе е од сите информации што ги имаат американската НСФ, ЦИА, израелската „Унит 8200“, Спецваез, сите агенции, медиуми и книги заедно. Звучи гротескно, но Израел (јудаизмот) е насекаде – Библијата, Куранот, религиите, азбуките, законите, историјата, културата, економијата, пронајдоците, АИ… и сето тоа помножете го со X – фактор за секој бит.
Сите мислат дека идејата за еврејска држава потекнува од Евреите. Не е точно. Идејата е британска, од времето на Оливер Кромвел, кој создавајќи ја ЕИЦ (East India Company) со помош на неколку масонски ложи и можно темплари внел многу Евреи во играта. Мислел дека ако Ерусалим им го даде на Евреите, тоа ќе биде дел од Британската Империја. Австрискиот новинар Теодор Херцл ја напишал книгата „Der Judenstaat“ (еврејска држава) за држава кај планината Цион, каде што се дадени 10-те Божји заповеди. Потсеќа на Бејконовата „Нова утопија“. Дури и Маркс со својот пријател Мозес Хес имал таква идеја, мислејќи таму да создаде прв социјализам. Но поради малобројноста, Маркс рекол дека е подобро првата револуција да ја дигне работничката класа. Затоа денес едни „пиц-политичари“ велат дека ционизмот е комунизам, а други – империјализам.
Најсетне создадена е државата Израел во 1948 година, наводно поради ционизмот и лидерот Бен Гурион. Не е точно. Израел го создаде големиот шок и погибел – холокаустот. Кој будала Евреин би одел во пустина? И Македонија има една заслуга. Војводата Димитар Влахов во турскиот парламент издејствувал дозвола за Евреите да се доселуваат во и околу Ерусалим. Рочилди и Монтефиоревци откупиле пустинска територија од Арапите и Бедуините. Мои блиски отидоа таму – на пр. Јехуда Албохер, Ицак Навон, Нир Барух – коосновачи на Мосад, Шин-Бет и конституцијата. Ете, и од таму знам нешто. Војни започнаа веднаш, сѐ до денес. Врзани се за територија и мешање на големите сили (поважно) – Британија, Америка, Советскиот Сојуз и Франција, преку свои агенти – на пример Хаџ ел Хусеини (Хитлеров агент и основач на „Ханџар дивизија“ во Босна – кољачки занат проширен по светот), потоа Абдал Насер и Анвар ел Садат (и двајцата прво агенти на Абвер и Гестапо, потоа на Британија и Америка). Од Ел Хусеини подоцна „клонираат“ екстремисти како Кутб, Мавдуди, Ал Бана – основачи на федаините, џихадистите (различни од средновековните), подоцна муџахедини-талибанци (на Збигњев Бжежински), вахабити (на агентот Хамфер), Сауди Арабија (на Лоренс од Арабија), од кои се клонирани Ал каеда, потоа ИСИС, Хамас, Хезболах, балканските џихадисти и сите што ги знаеме. Некои се создадени од западните и од источните служби – за да се борат меѓу себе, а сега имаат проблеми со нив. Франција е арабофилна – Либан и Сирија (кои ги „изгуби од Америка), потоа Алжир, Либија и Мароко, дури и Иран (Хомеини е француски ученик), Афро-Азија (Пол Пот, Мао Ѕетунг, Чуен Лаи и Ким Јонг-ун се француски ученици).

Доаѓа во колизија и скриен конфликт со НАТО, за што уште Де Гол, а сега и Макрон имаат главоболки, а другите партии се бутаат во игра – ха-ха-хаааа… Ерменија е со руско и француско-иранско влијание (пруга кон Иран), а Азербејџан е англо-саксонско-израелски, против сегашен Иран. Турција, Иран и САД порано имаа воен сојуз со Израел, но тоа се измени со доаѓањето на Хомеини и Ердоган (кој ги донесе??). Нуклеарен фисилен материјал Израел доби преку САД и Франција (агенцијата „Лекем“, создадена од Перес и Блумберг), а сега од Африка. Франција и Германија се „ментори“ за атомско оружје во Пакистан, Кореја и „исламо-бомби“. Фисилен материјал се шверцуваше од распаднатиот СССР (Јелцин) во арапскиот свет, а можно и Израел, виа Србија – веројатно една од причините за „глупавото“ бомбардирање, што беше корист за џихадистите. САД и Франција имаат конфликт околу Косово (причина е ураниум, злато, ќумур, а не „симпатии“ кон УЧК). Израел сака да има добри односи со Србија (србо-сефардо-филизам), но и Косово (од историски причини, но и интереси).
Зошто христијаните ги мразеле Евреите? Велат тие го убиле Исус. Не е точно – Исус, сите апостоли, Павле и следбениците биле Евреи. Исто и книгата. Но некои првосвештеници (Каифас) биле против и барале смртна казна, која не смееле да ја извршат. Тоа го сториле Римјаните (Пилат) – кој можел да го ослободи, но не го сторил тоа. Зошто? Заради ќеф на Евреите? Како да не? Окупатор ќе слуша робови! Омразата е друга – од Библијата, од времето на Каин и Абел, Содом и Гомора, Мојсие, царот Давид – со еден збор љубомора. Нацизмот потекнува од француските просветители (Волтер, Ренан, Гобино), а холокаустот е резултат на многу фактори – економски, верски, езотериски, љубомора и „еутаназија проект“. Екстерминирани се скоро сите Евреи од Европа, а преостанатите отишле во Израел. Евреите го сметаат „поразот“ за голема слабост, па затоа сега Израел не го даваат по цена на живот – Масада-гемиџиски синдром. Мајка ми велеше „умри како маж, не живеј како ѓубре!“ Џихадистите буквално всадиле во главата дека Израелците треба „сите да се убијат“, потоа сите Евреи и христијани. Тоа го верглаат во ЕУ и САД. Почнува урбана „кољо-игранка“. Господ вели дека може да има и втор холокауст. Од каде знаеш? „Ете знам!“ Во Израел има две групи на Евреи – ултрарелигиозни (хареди) и секуларни. Меѓу нив се умерени (серија на ортодоксни, реформисти, јеменити, сефарди, но има и ултраортодоксни сефарди). Имаат свои синагоги и јешиви. Има и синагога што се вика Битола. Такви има и во Њујорк, Чиле, Аргентина и во други места. Историски – постојат сефарди (Евреи од Шпанија, Португалија, Холандија, делумно и арапскиот свет), ашкенази (од Германско-руско-полско потекло), романиоти (директно од Македо-римската Империја – мојата фамилија Колономос), потоа помали групи – мизрахи (блискоисточни), караити, јеменити, етиопјани, од Индија, Кина, Турција (Донме) итн. Ултраортодоксните се против постоење на Израел (демек треба да дојде месија), не сакаат да одат во војска, но сакаат да се во владата (конкретно сега), а други (елиаху, готлив, смотрич) се хиперагресивни. Друга група е „хабад“ (потекло од Русија), кои се поумерени, влијателни во САД и Русија. Нетанјаху е врзан со хиперагресивните заради гласови. Обвинет е за корупција, но засега има „имунитет“ и се верува дека дел од „циркусите“ што ги прави се за да не оди во затвор, но главно – работи и за империјалните светски интереси. Реалноста за уништување на Израел е голема. Подготвеноста за отпор е огромна, па дури до библиски Армагедон. Што ќе биде со иранскиот конфликт? – Тоа знаат Бог и службите. Се молиме! Некои од хареди се против Израел, дури се и пријатели со Иран, што е парадокс. Мир денес е „апстракција“. Џихади не сакаат да чујат за Израел, а овие пак ќе се борат до смрт. Смрт и љубов се Бог.

И Македонија има една заслуга. Војводата Димитар Влахов во турскиот парламент издејствувал дозвола за Евреите да се доселуваат во и околу Ерусалим. Рочилди и Монтефиоревци откупиле пустинска територија од Арапите и Бедуините. Мои блиски отидоа таму – на пр. Јехуда Албохер, Ицак Навон, Нир Барух – коосновачи на Мосад, Шин-Бет и конституцијата. Ете, и од таму знам нешто

Светска нуклеарна војна не е исклучена, бидејќи разумот не е човечка особина. Ако го изгуби Израел, западниот свет е дефинитивно во финиш – џихадизмот ќе го земе Медитеранот. ЕУ во својата ноторно декадентно-сива мантија, дволичност и џихадо-педо-сексуална мантра, се себетруе и е „fast-food“. Најважен фактор е Русија (Путин), а не би сакал ниту да помислам дека би им дал силно или нуклеарно оружје на џихадистите (Иран и други) – бидејќи летнахме – крај на светот. Останува верба во некаков разум и заткулисни игри (Нетанјаху го „чуваат“ службите заради пријателствување со Путин).
Кој ги финансира џихадистите? Блокада? Ха-ха-ха-хаааа…. Иран добива огромни-огромни пари за нафта, гас, дрога (па и нашите мафии – разбира се). BRICS е финансиски „голем брат“ на НАТО. Иран, чинам, соработува со Русија заради Украина, а не обратно. Светот ги финансира САД, а тие им даваат „играчки“ (авиони, тенкови). Има цели армии на џихадисти надвор од својата територија. Има и Евреи и Израелци што работат за нив (пари-пари… чудо сте). Тито беше стар „арабофил“. Сега има многу такви, а не е исклучено некој следен американски претседател да биде жесток арабо-исламофил („Титоморфизам“). Кај нас е чичка од џихадо-терористички организации (Босна, УЧК, Санџак, Македонија, па и Хрватска, Австрија – потекнуваат од Бали Комбетар на Арбен Ерменџи) – преку дрога вртат трилиони долари (ги држат Лондон, Марсеј, Наполи, Ротердам, Антверп, Њујорк, Чикаго, Мексико, Колумбија, дури и една линија за Русија и Азербејџан, па и со мафијата во Израел). Нашите политичари се само „пиц-театар-од клечки“ – „Хамлет од Кривогаштани“ или „Тронови од Кривомочани“, а и американските авторитети се немоќни, особено по смената на Нуланд. Нашиве не можат ни да писнат ни кислород да дишат. Изборите во САД порано многу зависеа од еврејското лоби (граѓани, нобеловци, АИПАК, Хабад итн.) – но сега во голема мера газат џихадистите. Да бидеме реални – според тезата на Бабановски-Панарин-Калугин-Циганок за „балканизација“ на Америка и веќе закана-теорија за оформување 16 кантони (балкански „cookbook“), што е „холокауст“ за демократијата во светот, која веќе е стрит-свиркач на свилени нозе. Ако-ако, улизувајте се, лижете белки и жолтки од џихадско долновешие – ќе папате помија од Али со партизански коски!
Малку за сегашната состојба. Таа е тешка и посложена од Гордиевиот јазол. Таа го „усмукува“ сето минато и иднина во еден транслогичен метеж, а сите споменати зетабајти не може да го покријат. Нашите медиуми земаат од странските, а тие воопшто без сенс „пакетираат“ информации – исечкани и полтронизирани од една страна по џихади крој и со израелски „гурабичиња“ од еврејските пријатели. Тоа ти е како „музичка чорба“ од филхармонија во хипхоп-стил со сос од империјални, разузнавачки-дилерски команди. Подобро – не слушајте. Историски – Израелитите имале своја „европска“ траекторија, зачинета со бунд-социјализам, комунизам, ленинизам-марксизам-троцкизам, следени од Сталин-Горки, Виенска школа, Сартр, Малро-Пикасо-Шагал-Дали Миро-Кристева-Цветан Грозданов, Јесењин, Кропоткин, Хлебников, Ахматова, Јевтушенко, па Борхес, Неруда, Сиоран,Роза Луксембург, Митеран, Селин, Тито, Кардељ-Маркузе, Ив Монтан, Елизабет Дмитриеф, Ахматова, Сингер, па централно банкарство, берзи, деривативи, криптовалути, артефициелна интелигенција, цивилизација. А кој финансира? Ете го најважното! Комунизмот и нацизмот се финансирани од големите корпорации-картели, банки (да го спомнам ИГ Фарбен, кој прејде во т.н. ЕУ). Џихадизмот велат е финансиран од криптовалути, но да се разбереме – такви гигантски арсенали на ракети-дронови не се купуваат на Бит-пазар. Имаме реприза на светските војни – финансии од големите корпорации-картели, интересни групи, енергетика (Буш-Рочилд-Форд-Рокфелер-Сорос, Пентагон, швајцарски банки, потоа мафии – нарко, медико, оружја…, кои ќе влијаат и на изборите во САД, ЕУ, кај нас, Израел итн.). Нови ламњи сакаат ширење. Пред да го запознаам Е.Ф. мислев дека „теории на заговор“ се смешна булибили. Е.Ф. беше над британската кралица, Рочилди, претседатели итн. – значи сепак има „мозоци“ што одлучуваат, но не онака како во текстови за заговор – туку со друг консензус. Ние сме далеку-далеку-далекууууу…. јаднички чучнавме на подот на Али…..
Израел е жива археологија и антика – Ерусалим (ех да направевме црква), Кумран, Јерихон, Витлеем, Капернаум, Бетсаида, Бетел, Хазор, Армагедон, Хаифа, Рим, Египет, Вавилон, Александар, Зелоти….о дете да видите! Довидување засега.

Д-р Самуел Колономос Садикарио

Авторот е пензиониран професор по медицина