Фото: Принтскрин

СДСМ има јасен план и визија до 2030 година државата да стане земја членка на ЕУ, просперитетна држава, дом за сите и гарантираме европски животен стандард, рече претседателот Димитар Ковачевски на митингот на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Гевгелија.

-Гарантираме европски животен стандард, просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра. За младите обезбедуваме по 200 евра за прво вработување за млади до 26 години, а ќе воведеме Програма со субвенции и поволни цени за купување сопствен дом за млади до 29 години, како и гарантирана плата за млади, и грантови за отпочнување на сопствен бизнис за млади, сега зголемен на 8.000 евра. Невработеноста ќе биде 7% до крај на мандатот. Компаниите ќе добијат нови 180 милиони евра директна финансиска поддршка, А финансиската поддршка за земјоделците ќе е во висина од 1,35 милијарди евра – рече Ковачевски.

Ветуваме драстично зголемување на платите на медицинскиот персонал, потенцираше Ковачевски.

-Специјалистите ќе имаат до 180.000 денари плата, општите доктори, до 120.000 денари. Медицинските сестри, до 90.000 денари. Воедно јавното здравство ќе биде бесплатно за сите осигуреници – додаде Ковачевски.

СДСМ се соочи со голема економска и енергетска криза и со КОВИД пандемија. Како вистински социјалдемократи бевме рамо до рамо со граѓаните, никој не беше оставен сам да се бори со проблемите и предизвиците – потсети Ковачевски.

Во тој период успеавме да спасиме 80.000 работни места и да ги зголемиме и платите и пензиите. Ако ги споредиме само пензиите во однос на 2016, тие се зголемени за 55%. Минималната плата е зголемена за три пати во однос на 2016. Просечната плата е зголемена двојно во однос на 2016. Платите во образованието се двојно поголеми, во здравството се двојно поголеми. Дали е тоа доволно? Не е, треба уште повеќе, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва во Гевгелија – се наведува во партиското соопштение.