Фото: Маја Јаневска-Илиева
Делегација на Демократскиот сојуз ќе присуствува на утрешното отворање на Македонскиот културен клуб во Благоевград, Бугарија.
Демократскиот сојуз смета дека отворањето на овој прв македонски културен клуб во Бугарија, ќе биде добра основа за негување на културните особености на Македонците, како и подобрување на односите меѓу Македонија и Бугарија.
– Универзално демократско право претставува здружувањето, формирањето граѓански здруженија, културни центри, политички партии и други форми на меѓусебно поврзување, афирмирање на културните различности и меѓусебно почитување и разбирање – велат од Демократски сојуз.
На отворањето на клубот ќе нема бугарски политичари, а од македонските ќе присуствуваат лидерите на опозициските Левица и ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Апасиев и Христијан Мицкоски, кои ќе ги придружуваат и пратениците Рашела Мизрахи и Драган Ковачки.