По големата возбуда и надежите дека Македонија конечно ќе ги отпочне преговорите за пристапување кон Европската Унија, откако ги реши меѓународните спорови со Грција и со Бугарија, големата еуфорија како да спласна и за Македонија и за европските експерти, а некои од нив одат до таму што мислат дека Македонија нема да влезе во Европската Унија во скоро време, пренесува „Вашингтон пост“.

Дали ЕУ ја загуби својата моќ на Балканот?

Во октомври, Емануел Макрон ефективно ги блокираше разговорите за влез на Македонија во Европската Унија. Ова сугерира поголеми проблеми во рамките на Унијата, а истовремено може да значи и пропуштена можност за поттикнување промени во земјата која сака да се приклучи на ЕУ.

И покрај проблемите и предизвиците, ЕУ сѐ уште е клубот на кој сакаат да се приклучат пет земји од Источна Европа, Македонија, Црна Гора, Албанија, Србија и Турција, а земјите-членки мора едногласно да се согласат за отпочнување преговори за која било земја-кандидат да добие полноправно членство.

Додека за некои експерти ваквото одбивање на Македонија и Албанија сугерира дека ЕУ не сака да го прошири својот клуб, за други значи само поттик земјите да продолжат со нивните интеграции и реформи се додека Макрон да го смени неговото мислење.

Француското „не“

Откако во јуни ЕУ реши да ги одолговлече прашањето за пристапните разговори сѐ до октомври, на 18 октомври Макрон и официјално стави вето на преговорите со Македонија и Албанија. Според него, она што на ЕУ ѝ е потребно е внатрешно реформирање а не надворешно проширување. Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск и претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер го критикуваа ваквиот потег, нарекувајќи го француското вето „историска грешка“.

По француското „не“, македонскиот премиер Зоран Заев го изрази своето разочарување, па дури и призна дека размислува за оставка. Сепак, тој повика на предвремени избори во 2020 година, со надеж дека ваквите избори ќе му дадат мандат на народот да одлучи за иднината на својата земја.

Според комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, ваквиот чекор на Макрон може само да ја оддалечи Македонија од ЕУ и да ја приближи кон Русија, па дури и кон Кина, со тоа предизвикувајќи нестабилност на европското тло.

Пропуштена прилика?

Земјата-кандидат која сака да влезе во ЕУ најчесто е приморана да ги слуша барањата кога сѐ уште е далеку од тоа да стане земја-членка. Откако разговорите официјално ќе отпочнат, ЕУ има сѐ помала предност и сила во управување и наредување на реформите.

Откако земјата и официјално ќе стане членка, ЕУ ги губи сите предности, како што беше примерот кога ЕУ се мачеше да добие консензус за цензура на Унгарија и Полска, две земји-членки кои ги повлекоа нивните реформи откако станаа дел од Унијата.

Стабилноста на Западен Балкан може да биде во опасност 

Одлуката на Франција за одложување на преговорите има последици за целокупниот пристап на земјите во регионот. Стабилноста на Западен Балкан е основен приоритет на ЕУ. Но, одложувањето на пристапување на Македонија и Албанија сигнализира дека проширувањето на Западен Балкан е на дното на приоритети од нивната агенда.

Доколку Унијата не го исполни својот дел од ветувањата и им дозволи на кандидатите да напредуваат во пристапниот процес кога се очекува напредок, најверојатно реформите многу веројатно е дека ќе застојат.

Земјите од Западен Балкан продолжуваат да се соочуваат со билатерални спорови. Проспектот за влез во ЕУ, пристапот до нејзините фондови, слободата на движење на луѓето и добрата, капиталот и услугите е она што долго време ја одржува кревката стабилност во регионот.

Со одложување на проширувањето на земјите-кандидати, враќањето и зајакнувањето на полуавторитарните лидери во регионот може само да ги оддалечи и оттурне овие земји подалеку од Унијата, чекор кој не е во најдобар интерес ниту за ЕУ, ниту за Македонија.