Договор за заеднички настап на локалните избори потпишаа Горан Милевски и Маја Морачанин, претседателите на ЛДП и ДОМ формирајќи го Движењето Одлучно за промени.

„Коалицијата има над 50 кандидатски листи за локалните избори, со голем број на граѓански активисти и непартиски лица, со што оваа коалиција се позиционира како трета политичка сила на македонската политичка сцена“, се наведува во соопштението.

До сега од оваа коалиција ги најавија кандидатите за градоначалници на Ѓорче Петров – Љупчо Јаневски, на Кисела Вода – Ѓулистана Марковска, на Гевгелија – Виктор Петков, на Прилеп – Славе Петрески и на Штип – Ванчо Санев.

Од Движењето Одлучно за промени најавуваат дека утре ќе го соопштат својот кандидат за градоначалник на Скопје и носителот на советничката листа.