Интезивно преговараме за нова влада и сметам дека таа ќе се случи побрзо од очекуваново, најави вечерва лидерот на ЛДП и министер за локална самоуправа, Горан Милевски, за дневникот на ТВ Сител. Според него, ирелевантно е кој ќе биде премиер, туку важно е да продолжат политиките на Владата.

До средината на наредната недела веќе ќе биде познато и името на новиот мандатар. Тој за Сител кажа дека не е исклучена и можноста за нова распределба на владините ресори и нови министерски имиња.

Премиерот беше одлучен во неговата намера да си поднесе оставка и сите други дебати немаа простор, изјави претседателката на ДОМ, Маја Морачанин во вечерашната дебата на ТВ 24.

Таа откри дека премиерот Зоран Заев смета дека освен што неговата оставка е преземање одговорност, тоа е и во интерес на државата.
Генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири за косовски медиум вели дека премиерот Зоран Заев е многу разочаран и тешко дека ќе се премисли за оставката.