Предлогот за влада веројатно утре ќе биде поднесен до Собранието, најави лидерот на СДСМ и мандатар Зоран Заев, во изјава за ТВ 21.

Тој го образложи своето тврдење со тоа што се очекува денешната собраниска процедура за верификација на мандатите да трае до доцна, откако ќе се утврди и бројот на потпретседатели.

– Веројатно утре од сабајле ќе биде поднесен предлогот за нова влада – кажа Заев.