Премиерот Зоран Заев денеска ги собрал коалициските партнери на координација пред утрешната собраниска седница на која треба да се гласа доверба на Владата.

На средбата имало и функционери од ДУИ, но немало претставници на Движењето БЕСА, партијата која е во коалиција со СДСМ, но се одлучи да биде дел од новото парламентарно мнозинство кое го покрена прашањето за доверба на Владата.

Според неофицијални информации, се договара стратегија за утрешната собраниска седница.

Утре во 11 часот треба да започне собраниската седница и да се гласа доверба на Влада. Опозицискиот блок заедно со БЕСА тврди дека ги има потребните 61 пратеник за да ја урне Владата.