Премиерот Зоран Заев изрази благодарност до Европскиот парламент за донесената резолуција со која се бара итен почеток на преговорите со Македонија и Албанија.

– Домот на европската демократија повика дека проширувањето е инструмент од исклучително значење за дополнителна европеизација на земјите што природно ѝ припаѓаат на Европската Унија. Македонскиот народ заедно со сите свои сограѓани Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и други, ќе работиме уште повеќе за да си ја направиме земјата поубаво место за живеење, европско катче на мултиетничкиот Балкан – напиша Заев на Фејсбук.

Европската Унија, додава тој, знае дека нашето место е во европското семејство. „Ние сме и ќе бидеме подготвени за нивната позитивна одлука“, истакнува Заев.