Фото: Игор Бансколиев

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) вчера одби осум од девет приговори поднесени од ВМРО-ДПМНЕ за прекршување на Изборниот законик и Законот за корупција и судир на интереси, од распишувањето на претседателските избори.

За приговорот во однос на злоупотреба на имот во сопственост на општината Шуто Оризари за одржување прес-конференција од страна на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, ДКСК побара дополнителни информации од локалната самоуправа за сопственоста на објектот, за кој овластените претставници од Шуто Оризари на седницата тврдеа дека посочениот објект, односно салата во која е одржана прес-конференцијата не е во сопственост на општината.

ДКСК за приговорот за можен судир на интереси во однос на објавениот повик за субвенции од страна на градот Скопје за велосипеди, по принципот прв пријавен прв услужен, констатира дека досега нема извршено никаква исплата на барател и во тој дел приговорот се одбива.

Другиот приговор од ВМРО-ДПМНЕ за активност на градот Скопје, а беше одбиен, се однесуваше на објавениот оглас за набавка на современи уреди за затоплување – инвертери, во насока за заштита на животната средина. ДКСК смета дека немало законик

Одбиени се приговорите за објавен оглас за вработување на 116 сезонски работници од страна на АД „Водостопанство“ за реконструкција на дел од улицата Јуриј Гагарин во општината Карпош, за доделување 150 пакети со храна и основни животни намирници на семејства со висок социјален ризик од страна на општината Центар, за што беше образложено дека се работи за заедничка активност со невладина организација, а средствата се донација и не се одвоени од општинскиот буџет. Одбиен е и приговорот за владиниот повик за финансиска поддршка на здруженија и фондации за нивните програмски активности, со вкупен грант од 12 милиони денари, бидејќи постапката е ставена во мирување сѐ до завршување на изборите. Одбиени се и приговорите од ВМРО-ДПМНЕ во однос на јавниот повик од Агенцијата за вработување за тоа невработените лица до 34 години да се вклучат во програмата за практиканство, како и за објавениот оглас од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, односно од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, кој се однесува на отпочнување на постапка за поднесување барања за користење средства за реализација на мерките за воспоставување локални акциски групи и реализација на стратегии за локален економски развој на рурални средини, а се обезбедени во програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година.