Експертите предупредуваат дека физичкото присуство

Извештајот рангира 41 земја (од кои 27 членки на Европската Унија и другите членки на Организацијата за економска соработка и развој – ОЕЦД). Во извештајот децата се рангирани според критериуми што ги утврдуваат нивното здравје, вештини и среќа. Вистина е дека најлоша е Турција, со само 53 отсто од децата што се задоволни од својот живот, но многу е индикативно што веднаш по неа следуваат Јапонија и Велика Британија. Кај адолесцентите најголем број самоубиства бележи Литванија, додека Нов Зеланд и Естонија се на второто и на третото место

Истражување на УНИЦЕФ за здравјето, вештините и среќата на децата

Голем број деца од најбогатите земји во светот немаат основно познавање од математика и читање, а страдаат и од ментални нарушувања и дебелина, објави УНИЦЕФ. Извештајот рангира 41 земја (од кои 27 членки на Европската Унија и другите членки на Организацијата за економска соработка и развој – ОЕЦД), и тоа според здравјето, вештините и среќата на децата.
На врвот се наоѓаат Данска, Холандија и Норвешка, додека Бугарија, Чиле и САД се на дното на списокот на земји со високи примања.
Во повеќето анализирани земји, околу 20 проценти од децата не се чувствуваат задоволни, покажува извештајот. Вистина е дека најлоша е Турција, со само 53 отсто од децата што се задоволни од својот живот, но многу е индикативно што веднаш по неа следуваат Јапонија и Велика Британија.
Кај адолесцентите најголем број самоубиства бележи Литванија, додека Нов Зеланд и Естонија се на второто и на третото место.

Во однос на физичкото здравје, секое трето дете е дебело или со прекумерна тежина, а тие стапки нагло се зголемуваат и во Јужна Европа.
Околу 40 проценти од децата на возраст под 15 години во богатите земји ги немаат основните математички вештини и вештините за читање, најмногу во Бугарија, Романија и во Чиле.
Извештајот е направен врз основа на податоците пред пандемијата на коронавирусот, а УНИЦЕФ предупредува дека здравствената криза е дополнителна закана за благосостојбата на децата.
„Многу од најбогатите земји во светот, кои имаат ресурси за да обезбедат среќно детство за секого, ги изневерија своите деца“, рече директорката на УНИЦЕФ, Гунила Олсон.
„Доколку владите не преземат итни и одлучни мерки за заштита на благосостојбата на децата како дел од одговорот на пандемијата, можеме да очекуваме зголемување на сиромаштијата, полошо физичко и ментално здравје и понатамошно влошување на вештините на децата“, рече таа.