Владимир Чизов

Рускиот амбасадор при Европската Унија, Владимир Чизов, се осврна на Преспанскиот договор во интервју за грчкиот весник „Катимерини“, за време на економскиот форум што неодамна се одржа во Делфи, Грција. 

– Ние отворено бевме против договорот, бидејќи ова не е начин за решавање на проблемот. Без разлика колку и да делува бесмислено прашањето за името за остатокот од светот, тоа требаше да биде решено одамна. Им кажував на моите грчки и македонски пријатели, дека колку подолго ќе одолговлекуваат, толку повеќе нивните позиции ќе бидат зацементирани. Денеска го слушав Кирјакос Мицотакис како вели оти 70 отсто од Грците сметаат дека договорот е лош. Сличен дел од населението на  Северна Македонија е против. Дали ова е демократски начин за решавање на проблем? Македонскиот Устав беше прекршен, референдумот беше прогласен за неважечки, претседателот не го потпиша договорот, и сега моите колеги во ЕУ велат дека ова може да послужи како урнек за решавање на други прашања. А прво што ми паѓа на ум е Косово, кое впрочем, е многу компликувано прашање. Ако се договорот, размената на територии може да успее. Но ова може да воспостави преседан, кој би можел да предизвика проблеми и во Северна Македонија, каде Албанците претставуваат значителен дел од населението – објаснува Чизов.