Собранието ја закажа за в четврток седницата за гласање на доверба на Владата. Оттаму соопштија дека попладнево до Собранието пристигнало барањето за гласање за доверба на Владата.

„Претседателот на Собранието, Талат Џафери, согласно член 215 став 2 од Деловникот на Собранието ќе ја свика седницата за поставеното барање за гласање за доверба на Влада, а истата ќе се одржи на третиот ден од денот на поставување на прашањето за доверба на Владата, односно во четврток (11.11.2021), во 11.00 часот, Според член 215 став 3 од Деловникот на Собранието, рокот за свикување на седница почнува да тече наредниот ден од денот на поставувањето на прашањето за доверба на Владата“, се наведува во соопштението.