ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе одржи протест против злоупотребата на европските пари. Протестот ќе почне во 18.30 часот пред Министерството за правда.

– Веќе три години се читаат и слушаат скандали во медиумите со докази за проневери и сомнежи за криминал, а ЈО и финансиската полиција молчат. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани од 18.30 часот, на протест од Министерство за правда до Секретаријат за европски прашања и да се стави стоп за злоупотреба на европските пари – соопшти партијата.