Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска ќе учествува на Европската конференција на претседатели на парламенти на Парламентарното собрание на Совет на Европа во Стразбур, Франција.
На конференцијата ќе учествуваат претседатели на парламенти на 47 земји членки на Советот на Европа, како и претседатели на меѓународните собранија.
Покрај учеството на конференцијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа, во текот на престојот во Стразбур, претседателот Џафери ќе оствари средби со претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, со претседателот на Комисијата за надворешни работи на ЕП, Дејвид Мекалистер и со други европратеници.