Полициски хеликоптер Ми-171 од Одделот за воздухопловни единици вчера транспортираше тим пожарникари и 500 литри вода до непристапниот терен на Галичица.
Потоа дејствуваше на пожарот во општина Новаци каде што фрли 45 тони вода.
Во 15 часот хеликоптерот беше испратен за транспорт на повредено лице од непристапен терен во подрачјето на Штип до Клинички центар „Мајка Тереза”.
Пред крај на денот хеликоптерот Ми-171 се упати да дејствува на повторно активираниот пожар во Пехчево каде што фрли 22 тони вода врз пожарот, соопшти МВР.