Фото: Пиксабеј

Земјотрес со јачина од 3,2 степени по Рихтер утринава бил почувствуван во Тетово, Скопје и околината.

Земјотресот се случил во 10.24 часот, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Епицентарот е во северозападниот регион, во близина на границата со Албанија и Косово.

– Епицентарот на потресот бил на околу 13 километри југоисточно од Тетово, на длабочина од пет километри, односно на 39 километри од Скопје – соопшти ЕМСЦ.