Фото/Илустрација: Пиксабеј

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 12.03.2023 година регистрираше земјотрес 123 км југоисточно од Скопје кој потекнува од епицентралното подрачје Гевгелија – Гуменџа.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 8 часот и 50 минути со Рихтерова локална магнитуда ML 3.1 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Гевгелија, Валандово, Богданци, Неготино, Кавадарци и околината.