Фото: Принтскрин

Со голема тага ве известуваме дека почина нашата почитувана и драга професорка, д-р Aнета Бучковска, извести ФЕИТ.

Посмртните останки на починатата Бучковска ќе бидат изложени во капела на Градските гробишта Бутел, утре во 11 часот.

– Со неверување утрово ја слушнав тажната вест. Со мојата колешка Анета, не примија во ист ден на работа и знам колку вреден, траен белег остави на Електро и Феит. Сочувство до семејството, почивај во мир колешке… – напиша Јани Макрадули на Фејсбук.

Анета Бучковска беше поранешна сопруга на поранешниот премиер Владо Бучковски.

ФЕИТ ќе организира комеморативна седница за која ќе има дополнително известување.