Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови се очекува локална нестабилност со повремен дожд и можност за изолирани ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер, главно од јужен правец. Утринските температури ќе се движат од 2 до 8 степени, а дневните ќе достигнат од 20 до 25 степени, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7 степени, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Според најавите, до крајот на седмицата ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во среда се очекува појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Во четврток на повеќе места ќе има пообилни врнежи, а поради продор на постуден воздух од север, на планините ќе има услови дождот да премине во снег.
Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурите значително ќе опаднат. Во петок и за време на викендот ќе се задржи посвежо време, со можност утринските температури на некои места да се спуштат под нула степени.


































