Фото: Илустрација

На 08.10.2022 во 13.45 часот било пријавено дека во Скопје, на локалниот пат Драчево– с.Долно Количани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“, управувано од Р.А.(24) од с. Горно Количани, скопско и патничко „фолксваген“, управувано од Г.Д.(34) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетен сопатник од возилото „бмв“ и сопатникот од возилото „фолксваген“ А.Ќ.(29) од с.Студеничани, скопско, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште еден малолетен сопатник од возилото „бмв“, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.