Фотографијата Пат од Месечината кон Сонцето за 80 дена(ри) на авторот Никола Маџиров е овонеделниот избор на „Нова Македонија“ за фотографија на неделата.
-Може ли отсутноста врз лицето на таксистот да биде засенета од тежината на крстот во рацете на фаќачот? На патувањето меѓу месечината и сонцето никој не се движи – ниту автомобилот, ни покривите, ни споменикот, ни историјата на Охрид… Единствено брановите кои се обидуваат да ја фатат играта на облаците – вели Маџиров за фотографијата.
Фотографијата утре ќе биде отпечатена на цела страница во печатеното издание на „Нова Македонија“.
„Нова Македонија“ секоја недела избира фотографија на неделата
Фотографијата секој вторник, на цела страница, ќе се објавува во печатеното издание и на веб-страницата на „Нова Македонија“.
Вашите авторски фотографии може да ги испраќате на [email protected]
Насловот на мејлот треба да биде ЗА ФОТОГРАФИЈА НА НЕДЕЛАТА.
Фотографијата треба да е со димензии 2.000 x 3.000 пиксели (ориентација портрет) и тешка до 3 мегабајти.
Во мејлот треба да напишете име и презиме, наслов на фотографијата и краток опис, кои ќе бидат објавени заедно со фотографијата.
Во мејлот треба да наведете и дека сте согласни да се објави фотографијата, доколку биде избрана.