Бујар Османи Фото: Фејсбук

Над три децении, заедно, #ОбединетиВоСлободата продолжуваме да ја градиме нашата државност горди на сите успеси кои досега ги постигнавме, напиша на Фејсбук министерот за надворешни работи Бујар Османи по повод 8 Септември, Денот на независноста на државата.

Денес, вели Османи, во сосема поинакви околности: „Северна Македонија е полноправна членка на НАТО, земја која преговара за членството во ЕУ, со нова улога на меѓународната сцена како рамноправен партнер на сојузниците“.