Фото: Игор Бансколиев

Олеснување на транспортот, регионалната соработка и заедничките инвестиции за развој на мрежата на европските коридори се во фокусот на денешниот министерски совет на министрите за транспорт од Западен Балкан, Молдавија, Грузија и Украина што се одржува во Скопје.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на прес-конференцијата со директорката на Директоратот за транспорт при Европската комисија, Мона Бјорклунд и директорот на Транспортната заедница, Матеј Закоњшек, рече дека заеднички став е дека меѓусебната зависност на земјите им дава поттик да спроведуваат мерки и политики што ќе го олеснат транспортот и трговијата и ќе ја зголемат регионалната соработка како предуслов за заеднички пазар и интеграција во ЕУ.

Бочварски на прес – конференцијата даде осврт и на постигнатите резултати и плановите на Министерството за транспорт и врски во однос на политиките и транспонирањето на европското законодавство.