Фото: МИА

Основното јавно обвинителство Гостивар е во постојана координација со Институтот за јавно здравје, каде што по наредба на јавен обвинител се вршат анализи на примероците од водата од гостиварскиот водовод.

Од Јавното обвинителство соопштија дека резултатите од испитувањата се очекуваат утре, по што ќе биде донесена одлука за натамошниот тек на постапката.

 – Според најавите, резултатите треба да бидат доставени до надлежното обвинителство утре, по што ќе биде донесена одлука за понатамошното постапување. За исходот и следните чекори јавноста ќе биде дополнително информирана – соопштија од Обвинителството.

Во меѓувреме, по наредба на јавен обвинител, локацијата кај Вруток и натаму е обезбедена, додека институциите ја продолжуваат истрагата за случајот со загадената вода од гостиварскиот водовод.