Фото: Анастасовски Горан

Откако денес јавноста ја затекна веста дека починал Ристе Трајковски, негувател во скопската Зоолошка градина, неколку часа подоцна, денес угинала и последната жирафа Флопи.

Веста за смртта на жирафата ја потврдија од Зоолошката градина.

Како што дознаваме, вработените неколку часа се обидувале да ја спасат жирафата но не успеале.

За причината за смртта на Флопи се очекува официјално соопштение од скопската Зоолошка градина.

Инаку, зоо-негувателот Ристе Трајковски беше познат по љубовта и негата што им ги пружаше на жирафите во скопската зоолошка градина. Почина на 44-годишна возраст.

Замина зоо-негувателот Ристе Трајковски, ќе остане запаметен по поврзаноста со жирафите

Фото: Анастасовски Горан
Фото: Анастасовски Горан
Фото: Анастасовски Горан
Фото: Анастасовски Горан
Фото: Анастасовски Горан
Фото: Анастасовски Горан
Фото: Анастасовски Горан
Фото: Анастасовски Горан
Фото: Анастасовски Горан
Фото: Анастасовски Горан
Фото: Анастасовски Горан