Фото: Маја Јаневска-Илиева

Група граѓани денеска се собрале пред бугарската амбасада во Скопје и мирно протестирале со транспаренти на кои било испишано „Не во ЕУ“, „1941=Берлин, 2022=Брисел“ и „Не за бугарските договори/уцени“.

Се извикувале паролите „Македонија, Македонија“, при што голем број од учесниците на протестот биле со старото македонско знаме со сонцето од Кутлеш.
Евидентно било големото полициско присуство околу зградата на амбасадата, како и во овој дел од градот.

Протестот завршил со повици следниот четврток повторно да се соберат на истото место пред бугарската амбасада.