Фото: МИА

На обвинителот Ислам Абази му е предизвик да работи како шеф на обвинителите кои гонат организиран криминал и корупција, рече пред новинарите. Тој се заблагодари за гласовите и кажа дека за него се мотив за професионално да раководи. Пред новинарите сам кажа дека немал програма, но бил во комуникација со обвинителите кои избираа. Потенцираше дека има визија, но не сакаше да ги наброи предметите на кои работи, порачувајќи им на новинарите да се обратат во гостиварското обвинителство.

– Не сум на испит тука јас. Во закон за јавно обвинителство е предвидено која е надлежноста на тоа обвинителство – порача Абази на прашањето да ги наброи надлежностите на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Абази, сепак, ветува транспарентност со јавноста и најави дека тоа ќе има граници.

– Во однос на транспорентноста и јавноста согласно закон за јавно обвинителство ние сме должни да видме транспарентни и да ги информираме средствата за јавно информирање со раобтата на некои предмети кои пудат поголем интерес во јавнста. Треба да имаме во предвид да го зачуваме угледот и достоинството на обвинетите, оштетените и сите учесници во таа постапка со презумцијата на невиност и тајноста на постапката во зависност од тоа во која фаза се наоѓа предметот – кажа Абази.

За неговата биографија на прес-конференцијата зборуваше кратко. Кажа дека работел во разни работни групи за донесување закони.

– Ова ми претставува предизвик имајќи го предвид моето досегашно искуство да раководам со ова обвинителство. Сум учествувал во разни работни групи за донесување на закони, подзаконски акти, учесник сум во работната група во законот за конфискација на имот и со моето досегашно искуство и работа сметам дека професионлно и зконито ќе го претставувам ова бовинителство заедно со колегите обвинители – додаде Абази.

Тој беше прашан и како го избрале токму него кога немал претставување, а одби дебата со противкандидатите во „А1он“.

– Со колегите се познаваме долги години. Кога ќе ја видите структурата на гласови како сум ја добил по вишите подрачја ќе видите дека имам гласови од апелационото подрачје Битола, Штип, Гостивар… Тие во мене препознаа човек кој ќе биде успешен.
Најпрво ќе се запознаам со состојбите и работите во тоа обвинителстго и битно е да се пополнат празните работни места за обвинителите да ги пополниме местата во истражниот центар и да воведеме дигитализација на јавното обвинителство – додаде новиот шеф на ОЈО-ГОКК, Ислам Абази.

Наследникот на Вилма Русковска посочува дека нема никакви релации со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Тој не исклучува дека некогаш се сретнале во Зајас, местото од каде потекнуваат и двајцата.

– Дружењето со такви личности не е во смисла забрането. Тоа е непристојно дружење во смисла ако има непристојно дружење.  Можеби сме се сретнале. Лични контакти немам – напомена Абази.

– Јавнообвинителската функција е неспоива со вршење на друга јавна функција или членување во политичка партија. Според тоа никој пат не сум бил ниту, пак, сум член на која било политичка партија ниту сум оставил впечаток дека имам одредени релации или позиции со одредена политичка партија – кажа новиот шеф на ОЈО-ГОКК.

Тој е избран на функцијата со 66 гласови „за“ од 163 обвинители со право на глас.