Фото: Пиксабеј

Социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм паднаа на глобално ниво, вклучувајќи ја и Македонија, при што корисниците не можат да влезат во своите профили. Проблемите се појавија околу 16:20 часот.

На корисниците на Фејсбук им се прикажува дека се одјавени од профилите и не можат повторно да се регистрираат, додека на Инстаграм не работи таканаречениот фид.

На многумина корисници не им работи ни апликацијата Месинџер.