Фото: МВР

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека во кругот на поранешна „Газела“ се снима филм, при што се снимаат и сцени со пукање, за што, како што потенцираат оттаму, МВР е навремено известено од организаторот.

Министерството за внатрешни работи, апелира до медиумите да не се пласираат непроверени информации во јавноста и за соодветна информација да се обратат до Секторот за односи со јавност.