Фото: Принтскрин

МВР на 4 февруари ќе носи одлука дали ќе забрани влез за бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски и други политичари ако одлучат да дојдат на одбележувањето на годишнината за раѓањето на Гоце Делчев. Министерот Спасовски ќе почека Агенцијата за национална безбедност да ги разгледа сите информации, па потоа ќе одлучува за она што го препорача Советот за безбденост. Нема најава кога ќе биде донесена таква одлука.

Во исто време европратеникот напиша пост на Фејсбук со кој му се заканува на претседателот Стево Пендаровски. Потврди дека повторно ќе доаѓа во Скопје на 4 февруари.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ предупреди дека поради ненавремената реакција на надлежните институции, ескалацираат односите меѓу двете држави.

МВР го подига нивото на обезбедување, откако и Советот за безбедност оцени дека настанот на 4 февруари е окарактеризиран како настан од висок ризик и одлуката на Владата за засилено полициско обезбедување за одбележувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

По барањето бугарски европратеник да биде прогласен за персона нон грата, Џамбаски, кој се препозна себе си, индиректно го потсети претседателот на судбината на кралот Александар Караѓорѓевиќ, кој бил убиен во атентат во Марсеј, од страна на Владо Черноземски.

Џамбаски на социјалните мрежи веќе се чекираше во црквата Свети Спас и се пофали дека, на 4 февруари, ќе дојде во Скопје.

– Пендаровски, познат и како Стево Коминтерната, кажал дека ќе ми забрани да се поклонам пред саркофагот на бугаринот Гоце Делчев! Таква мила покана не можам да одбијам. Стево, те чекам да дојдеш – напиша Џамбаски на Fејсбук.