Фото: Принтскрин

Заедничкото сослужување на архереите на Макаедонската православна црква – Охридска Архиепископија и Српската православна црква во Соборниот храм „Свети Сава“ во Белград е првиот чекор кон воспоставување на канонско и литургиско единство и претпоставка за непосредно општење на оваа ерархија и Црква со останатите помесни православни цркви. Таа исто така треба да се набљудува во контекст на барањата и целите на нашите православни верници и Црква за стекнувањето на автокефален статус.

Вака познавачот на состојбите во православието и поранешниот директор на Комисијата за односи со верските заедници ја оценува денешната одржана литургија на македонските и српските архиереи за помирување по повеќе од половина век.

Браќа и сестри од Србија и Македонија во единство, и Порфириј и Стефан го потврдија заедништвото меѓу двете цркви

– На самиот почеток треба да се поздрави ваквиот чин на заедничко литургиско сослужување како облик на помирување и упатување дека постои подготвеност да се трага по решенија, а не по основи за тлеење на отворениот проблем, на српскиот патријарх г. Порфириј, на архиепископот македонски г.г. Стефан, на ерархиите и на сите добронамерни луѓе да им честитаме и да си посакаме ваквите слики да се одраз на заедничките интереси, на вербата во православните вредности и манифестираното братољубие и доброљубие – вели Мојановски.

Според него, се очекува добрата волја, христољубививата смиреност да води кон отворање на заедништвото, а помирувањето како израз на подготвеноста да се практикува простувањето како основа за нов почеток кон заедничките цели.

– Православните христијани од Македонија и Србија, денес се радуваат на овој заеднички чин и ја слават радосната вест – заклучува Мојановски.

Инаку, по одржувањето на литургијата г.г. Стефан, поглаварот на МПЦ-ОА  во својот говор рече дека овој денешен чин е незаменлив лек, со кој се залечува раната на телото на црквата, зошто кога страда еден дел страдаат сите делови, а кога се радува еден дел со него се радуваат сите делови.

Браќа и сестри од Србија и Македонија во единство, и Порфириј и Стефан го потврдија заедништвото меѓу двете цркви

На крајот од своето обраќање, поглаварот на МПЦ-ОА уште еднаш ја истакна улогата на Вселенската патријаршија за денешното сослужение.