Фото: МИА

Министерството за надворешни работи апелира за воздржаност од предвремени квалификации се до целосно расчистување на случајот со вчерашниот напад врз претседателот на бугарското здружение во Струга.

– Во врска со вчерашниот напад врз државјанин на Македонија, Б.К. од Лабуниште, во текот на вечерните часови, е извршен службен разговор со осомниченото лице за нападот, А. Н. од Велешта, по што е известен јавниот обвинител.

Овој настан не смее да фрла сенка врз институционалните напори за негување на правата и интересите на помалите заедници, вклучително и напорите за уставно-правно загарантирани права за нив, меѓу нив и Бугарската заедница.

Ја повикуваме јавноста и политичките субјекти од соседна Бугарија да им овозможат на институциите на државата да ги расчистат околностите на настанот и соодветно процесуираат, согласно законската регулатива – соопшти МНР.

Бугарското министерство за надворешни работи синоќа објави дека добиле информација за напад извршен вчера врз претседателот на бугарското здужение „Шемето“ од Струга.