Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, заедно со членови на делегацијата со која е во Вашингтон, остварил средба со семејството Руси, по потекло од Дебар, кое повеќе генерации живее во САД. На социјалните медиуми тој објави дека на средбата се разговарало за можностите за зајакнување на врските со дијаспората, како и за проекти што ќе донесат придобивки за граѓаните.
– Во рамки на посетата на САД, со моите соработници остварив средба со семејството Руси – познато албанско семејство од Дебар, кое повеќе генерации живее и работи во САД. Тие се пример за успешни Албанци од Македонија кои не ја заборавиле својата татковина и сакаат да помогнат за нејзиниот напредок. Разговаравме за можностите за зајакнување на врските помеѓу дијаспората и Македонија, како и за проекти кои ќе донесат придобивки за сите граѓани – напиша Мицкоски на Фејсбук.